ноември 3, 2026

Зелен волонтеризам – Еко едукација

Во рамките на младинската програма „Зелен волонтеризам“ на Црвениот крст на Република Северна Македонија, волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип, на 30.10.2026 реализираа врсничка едукација во ООУ „Димитар Влахов“ – Штип, на која присуствуваа 44 ученици од петто одделение.

Преку едукативни и интерактивни активности, учениците имаа можност на интересен и практичен начин да се запознаат со значењето на заштитата на животната средина, правилното селектирање на отпадот и важноста на одговорното користење на природните ресурси. ♻️

Со енергетска игра, заедничка дискусија и практичната вежба „Ајде да селектираме“, учениците активно се вклучија во препознавање и правилно селектирање на различни видови отпад – хартија, пластика и стакло.

🌍 Преку ваквите активности, младите не само што стекнуваат нови знаења, туку и развиваат еколошка свест и навики кои можат да ги применуваат секојдневно.

Малите промени создаваат голема разлика. Заедно градиме почиста и позелена иднина! 💚

Tags: , , , , ,
< врати се назад