
октомври 21, 2026
Зелен волонтеризам – Еко акција 20.10.2026
Во рамки на програмата „Зелен волонтеризам“, на 20.10.2026 волонтерите од Клубот на млади при ООЦК Штип, заедно со дел од учениците од СОУ „Јане Сандански“ – Штип, направија еко-акција за чистење на училишниот двор. ![]()
Преку оваа активност, младите волонтери и ученици дадоа свој придонес кон почиста и поуредена училишна средина, покажувајќи дека со заеднички труд, одговорност и желба за промени можеме да направиме разлика.
Малите дела создаваат големи промени! Продолжуваме да ја поттикнуваме еколошката свест кај младите и да градиме заедница во која грижата за животната средина е заедничка одговорност.



< врати се назад











































