ноември 18, 2024

Врсничка едукација за борба против зависности

Во традиционалниот календар на Црвен крст, ноември, меѓудругото е месец на борба против зависности (дрога, алкохол и цигари) под мотото „Едуцирај се и донеси одлука!“

За таа цел, врсничкиот едукатор – Ивона Костадинова од Клуб на млади при Црвен крст Штип на 18-ти ноември реализираше врсничка едукација за превенција на болести на зависности во ООУ „Димитар Влахов “ – Штип на учениците од девето одделение. На оваа работилница 35 ученика имаа можност да стекнат основни знаења за штетните последици од завиностите.

Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип во текот на месец ноември ќе организира врснички едукации во основните и средните училишта, во кои ќе се опфатат поголем број на ученици кои ќе имаат можност да стекнат знаења и да се едуцираат за штетните последици од зависностите.

< врати се назад