Волонтерите од Клуб на млади при ООЦК Штип учествуваа на Годишна конференција
Волонтерите од Клуб на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип учествуваа на Годишна конференција на ден 21.12.2024 во просториите на централната канцеларија на ЦКРСМ во Скопје. На овој настан се истакнуваа сите успешни приказни, предизвици и можности на младите на национално и локално ниво, се споделуваа позитивни практики за успешно креирани и реализирани програмски активности како и вмрежување меѓу клубовите на млади на Црвен крст.
Младите од Клуб на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип ја презентираа нашата успешна активност „ЕЛКА НА ХУМАНОСТА“ која традиционално се имплементира четврта година по ред. На волонтерите им беше врачена и ПОФАЛНИЦА за придонес во младинското работење во 2024 година.Ова беше одлична можност за зајакнување на знаењата на волонтерите, споделување искуства и унапредување на локалната младинска работа.
< врати се назад