ноември 21, 2024

Успешно спроведена шестата обука за лични асистенти на лица со попреченост

Црвен крст Штип го заокружи шестиот циклус обуки за Личен асистент на лица со попреченост, во чии рамки 11 лица проследија практична и теоретска настава во времетраење од 200 наставни часа. 

Преку еден внимателен наставен пристап, тие се ставаат ,,во кожа” на потенцијалните корисници на овој тип услуги, и на момент ги искусуваат тешкотиите и пречките со кои секојдневно се соочуваат лицата со попреченост во нашето опкружување. Асистентите се здобија со сертификат за Личен асистент на лица со попреченост и се стекнаа со компетенции за самостојно помагање на корисниците, помош и поддршка на корисникот во домот, работното место, образовниот процес и заедницата како и компетенции за самостојно да води ефикасна комуникација, да дава психосоцијална поддршка и учествува во социјализација и ресоцијализација на корисникот.

На 18-ти ноември во просториите на Црвен крст во Штип, на кандидатите им беа врачени сертификатите за Личен асистент на лица со попреченост, а обуката ја посетуваа од 10.09.2024 година до 31.10.2024 година. 

Им честитаме!

< врати се назад