декември 18, 2024
Укажување на прва помош во симулациска вежба на елементарна непогода – земјотрес
Денес се реализираше еден исклучително корисен настан – тактичко показна вежба на елементарна непогода – земјотрес, во организација на СОУ „Коле Нехтенин”- Штип.
Обучени волонтери на Црвен крст Штип укажуваа прва помош на повредените во рамки на симулацијата, кои при елементарната погода и при евакуацијата се здобија со скршеници на екстремитетите.
Во тактичко показната вежба беа вклучени пожарникари од Територијалната противпожарна единица – Штип, волонтери на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип и Брзата помош.
Првата помош спасува живот!
< врати се назад