
април 29, 2025
Учество на волонтерски тим на ,,Superior RUNS” 2025
Волонтерски тим на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип, на 27.04.2025 зеде учество во организацискиот тим на спортската манифестација ,,Superior RUNS”, на која се натпреваруваа над 1 300 тркачи од земјата и странство, во трка на 5 и 10 километри. Задолжени за дел од логистичките операции, како и за превенција и дејствување во рамки на дејноста Прва помош, нашите волонтери беа на висина на задачата, истакнувајќи го својот тимски дух и перманентните заложби за поддршка на заедницата.
Честитки за успешната организација.

< врати се назад