март 23, 2026

Учество на волонтерски тим на МТБ тура „Ден на пролетта 2026“

Волонтерскиот тим на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип, во неделата, 22 Maрт, беше дел од настанот „ДЕН НА ПРОЛЕТТА 2026“, во организација на МТБ – Штип. Тимот беше задолжен за превенција и дејствување во рамки на дејноста Прва помош за време на МТБ турата. Турата се одвиваше во подножјето на планината Плачковица, на кружна патека со должина од околу 40 км и 600 метри позитивна висинска разлика. Поголемиот дел од патеката беше земјен, што придонесе за дополнителен предизвик за учесниците. Тимот за Прва помош при Црвен крст Штип успешно одговори на неколку интервенции, покажувајќи подготвеност, професионалност и координација на терен. Нашите волонтери уште еднаш беа на висина на задачата, истакнувајќи го својот тимски дух и континуираната посветеност во поддршка на заедницата. Честитки до организаторите за успешната реализација на настанот!

< врати се назад