април 7, 2025

Тактичко показна вежба за евакуација и спасување во случај на пожар

На 04.04.2025 во ООУ „Гоце Делчев” – Штип се реализираше тактичко показна вежба на симулирано гасење пожар.

Обучени волонтери на Црвен крст Штип укажуваа прва помош на повредените во рамки на симулацијата, кои се здобија со изгореници на екстремитетите.

Во тактичко показната вежба беа вклучени пожарникари од Територијалната противпожарна единица – Штип, волонтери на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип, припадниците на Министерство за внатрешни работи и Брзата помош.

Tags: ,
< врати се назад