
Соопштение
Почитувани,
Од името на Црвениот крст на Република Северна Македонија уште еднаш сакаме да изразиме длабоко сочувство и солидарност со семејствата на настраданите граѓани во стравичната несреќа која се случи во Кочани во утринските часови. Ја споделуваме тагата со семејствата на трагично загинатите, иако сме свесни дека во моментов, нема зборови што може да ја утешат нивната болка и загуба. На повредените им посакуваме брзо опоравување. Во овие тешки моменти кога се изгубени толку многу млади животи сакаме да истакнеме дека Црвениот крст на Република Северна Македонија со сите свои расположливи капацитети, во соработка со државните институции дава придонес во обезбедување на потребната поддршка за семејствата на настраданите.
Нашата Организација ги стави во функција сите механизми за хуманитарна помош за повредените и семејствата на настраданите со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош и материјална поддршка. Црвениот крст на РСМ достави и помош во болницата во Кочани со ќебиња, постелнина и инвалидски колички. Возилата на Црвениот крст од програмата за санитетски транспорт се ставени во функција на институциите на системот.
- Отворени се наменски телефонски линии за прва психолошка помош на броевите 071/338-081 во Кочани, 074/203-030 во Штип и 072/271-048 во Скопје кои ќе бидат во функција 24/7.
Црвениот крст на РСМ веќе е контактиран од страна на Меѓународниот комитет на Црвен крст и партнерски национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина и понудена е помош.
Ве повикуваме сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност за обезбедување помош за настраданите семејства.
Ве повикуваме да делуваме заедно преку :
- Онлајн донации на: https://solidarnost.ckrm.org.mk/online-donacija/
- Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.
- Донации со повик на телефонските броеви на Македонски телеком и А1 Македонија143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).
- За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK0730070100000122
За помош и поддршка на лицата хоспитализирани во земјите во регионот во соработка со партнерските национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина:
- За лицата во болниците во Република Бугарија, Црвениот крст на Бугарија ќе овозможи транспорот, сместување, психосоцијална поддршка и друг вид на помош за членовите на семејствато на повредените лица. Информации за помош може да се добијат со контакт во Бугарски Црвен крст: (+359) 02 492 30 40 и Црвен крст на Република Северна Македонија: (+389) 71 341 985. Информации за хоспитализираните лица може да се добијат на јавување во Министерството за здравство на Република Бугарија: (+359) 02 805 03 00.
- За лицата во болниците во Република Србија, Црвениот крст на Србија ќе овозможи поддршка за членовите на семејството на повредените лица од пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Република Србија. Информации за помош може да се добијат со контакт во Црвен крст на Србија: (+381) 62 880 15 18 и Црвен крст на Република Северна Македонија: (+389) 71 341 985.
- За лицата во болниците во Република Хрватска, Црвениот крст на Хрватска ќе овозможи поддршка за членовите на семејството на повредените лица од пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Република Хрватска. Информации за помош може да се добијат со контакт во Црвен крст на Република Северна Македонија: (+389) 71 341 985.
< врати се назад