ноември 28, 2024

Реализирана обука по прва помош

Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип беше дел од работилница организирана од страна на СОУ “Јане Сандански” – Штип во рамки на проектот на Regional Youth Cooperation Office – RYCO superschools. На работилницата, во која учествуваа ученици од училиштето “Божидар Џорџевич Кукар” од Лесковац, нашите волонтерки Ивона Костадинова и Стефанија Пешева одржаа кратка обука по прва помош. Присутните имаа можност да стекнат основни знаења за укажување на прва помош како брза и витална интервенција чија цел е да се спаси човечки живот, но и да се намалат компликациите од настанати повреди. Настанот беше збогатен со едукативна содржина, мотивација и забава.

< врати се назад