
април 17, 2025
Продолжува хуманиот караван на училишни крводарителски акции
Средните училишта ДМУЦ „Сергеј Михајлов” – Штип и СОУ „Димитар Мирасчиев“ – Штип на 14.04.2025 реализираа крводарителска акција во ДМУЦ „Сергеј Михајлов” – Штип во чии рамки вкупно 31 крводарител упати порака низ највисокиот чин на хуманоста.
Се надеваме дека за првократните крводарители ова беше едно вредно искуство, кое ќе прерасне во традиција.
Им благодариме за хуманоста и за успешната крводарителска акција организирана од страна на Црвен крст во соработка со Службата за трансфузиона медицина.

< врати се назад