октомври 21, 2026

Помислете и на нас – Недела на борба против глад

Во рамките на Неделата на борба против гладта, која се одбележува од 16 до 22 октомври 2026 година под мотото „Помислете и на нас“, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Штип реализираше активности насочени кон поддршка на лицата и семејствата во социјален ризик.

По повод Денот на лебот, општествено одговорната компанија Жито Лукс АД Скопје се вклучи со донација од 500 лебови, кои притоа беа дистрибуирани во штипскиот и карбинскиот регион, наменети за поддршка на лицата и семејствата во социјален ризик.

Акцијата ја продолживме и со дистрибуција на 100 топли оброци – донација од наша хумана сограѓанка.

Во одбележувањето на Неделата на борба против гладта се вклучи и НЛБ Банка, со донација на прехранбени продукти.

🙏 Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Штип упатува искрена благодарност до сите оние кои донираа за нивната хуманост, солидарност и несебична поддршка.

Со вакви гестови потврдуваме дека заедно можеме да направиме многу повеќе и да изградиме општество во кое грижата за другиот е заедничка одговорност, а никој не е заборавен. ❤️

Да споделуваме добрина. Да бидеме солидарни. Да помислиме и на нив!

Tags: , , , ,
< врати се назад