
ноември 25, 2026
Поддршка за граѓаните на Општина Штип
Општинската организација на Црвен крст Штип со поддршка и во соработка со Општина Штип се вклучи во дистрибуцијата на флаширана вода за пиење за граѓаните кои се наоѓаат во социјален ризик, на старите и изнемоштени лица и лицата со попреченост.
Нашиот мобилен тим моментално е на терен обезбедувајќи помошта да стигне до оние на кои им е најпотребна.
Продолжуваме посветено да ја исполнуваме нашата хуманитарна мисија и да обезбедуваме навремена поддршка за граѓаните.



< врати се назад











































