По 17. пат штипјанецот Александар Трајковски подготви бадникарски пакети
Традиционално, седумнаесетта година по ред во пресрет на Бадник и Божиќ, штипјанецот Александар Трајковски подготвува бадникарски пакети за шест штипски семејства кои живеат во социјален ризик.
Во соработка со Општинската организација на Црвен крст Штип, денес овој хуман пензионер им ги подели пакетите на претставници на семејства од социјално-ранлива категорија.
Благодарни за можноста за достоинствена празнична трпеза, овие граѓани истакнаа дека на овој начин полека им се враќа вербата во вистинските човечки вредности.
Селекцијата секоја година опфаќа различни семејства, од кои половината се од христијанска, а половината припадници на исламската вероисповед.
< врати се назад