
февруари 5, 2025
ПХВ циклус 2025 година
Во наредиот период ќе бидат спроведени 117 обуки на кои 1 170 младинци ќе добијат обука за дисеминација, за изработка и документирање на малите проекти. Потоа, во период од 2 месеци, младите на терен ќе изработуваат мали проекти за добробит на заедницата. Се очекува изработка на повеќе од 150 мали проекти преку кои ќе им се помогне на повеќе од 3 000 лица.
Програмата Промоција на хумани вредности е Национална програма за регрутирање и задржување на волонтерите во редовите на Општинските организации на Црвениот крст. Функционира повеќе од 25 години во нашата држава и брои повеќе од 30 активни инструктори.

< врати се назад