април 29, 2025

Општински натпревар по прва помош 2025

Во организација на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип на 28.04.2025 се одржа Општински натпревар по прва помош. На натпреварот учество зедоа екипи од основните и средните училишта. Натпреварот се спроведе во една траекторија, со три работни бази од областа на првата помош, една од забавен и спортско-рекреативен карактер, дисеминација и катче за ментално здравје. За успешна организација на натпреварот беа ангажирани судии, шминкери, водичи и голем број волонтери за логистичка поддршка на натпреварот.

Со натпреварувачкиот дух и интердисциплинарниот пристап во рамки на овој натпревар им овозможивме на учесниците на еден интересен начин да се запознаат со сите тактики кои се напишани правила на првата помош.

Tags: , ,
< врати се назад