
Одбележување на 1 октомври – Меѓународен ден на старите лица
На 1.10.2026г, во просториите на Општинската организација на Црвен Крст Штип го одбележавме Меѓународниот ден на старите лица 1 октомври, со дружење, разговор, музика и многу позитивна енергија. ![]()
Нашето дружење го започнавме со обраќање на секретарот на ООЦК Штип, по што следуваше кратка дисеминациска сесија, преку која учесниците имаа можност поблиску да се запознаат со Црвениот крст, неговата мисија, принципите и активностите кои ги реализира во заедницата. ![]()
Продолживме со „Погоди ја песната“ – Активност која ни донесе многу насмевки, сеќавања и заедничко пеење.
Денот го завршивме со друштвени игри, каде што низ игра, смеа и дружење создадовме прекрасна атмосфера и убави спомени.
Годините се само бројка, а дружењето, насмевките и убавите спомени немаат возраст!
Благодарност до сите наши учесници кои го направија овој ден посебен.














































