април 8, 2025

Обука по прва помош во СОУ „Јане Сандански“ – Штип

На 07.04.2025 во средното медицинско училиште ,,Јане Сандански” – Штип, по повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето се одржа обука по прва помош која ја проследија 80 ученици од прва и втора година.

Средношколците, како идни активни учесници во сообраќајот, но и како чести посетители на масовни настани и секојдневни ситуации при кои одредени техники на укажување прва помош можат да бидат од витално значење, се нашата целна група токму од овие причини.

Црвен крст продолжува да гради цврсти механизми за кревање на свеста и промовирање на општествената одговорност.

Научи и ти прва помош затоа што првата помош спасува живот!

Tags:
< врати се назад