
април 8, 2025
Обука по прва помош по повод Светски ден на здрвајето
7 АПРИЛ – СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО
Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип во соработка со ЈУДОДГ ,,Вера Циривири Трена’’ – Штип реализираше обука по прва помош намената за вработените во градинката. 53 вработени лица имаа можност да стекнат основни знаења за укажување на прва помош како брза и витална интервенција чија цел е да се спаси човечки живот, но и да се намалат компликациите од настанати повреди. Обуката беше спроведена од страна на лиценциран демонстратор по прва помош.

< врати се назад