
Обучени 334 учесници во рамки на работилниците за хигиенизција
Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип во периодот од 08 до 15 април ја одбележа Неделата на хигиенизација по мотото „Хигиена – лична обврска за колективно здравје“.
Работилницата за промоција на хигиена беше спроведена во детската градинка ЈУДОДГ ,,Вера Циривири Трена’’ – Штип во чии рамки беа обучени вкупно 334 дечиња. Во рамки на едукативната работилница, учесниците имаа можност низ теорија и низ практична демонстрација да научат што е хигиена, како правилно се мијат раце, зошто миењето на раце е важно и како правилната хигиена на рацете има клучна улога и суштинско значење во контрола и превенција на болести поврзани со лошите хигиенски практики.

< врати се назад