април 7, 2025

Учество на волонтерски тим на МТБ тура „Ден на пролетта 2025“

Нашите волонтери беа на висина на задачата, истакнувајќи го својот тимски дух и перманентните заложби за поддршка на заедницата.

Тимот за прва помош на Црвен крст Штип имаше неколку интервенции.

Честитки за успешната организација!

Волонтерски тим на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип, на 06.04.2025 беше дел од настанот “ДЕН НА ПРОЛЕТТА 2025” во организација на МТБ – Штип. Волонтерскиот тим на Црвен крст беше задолжен за превенција и дејствување во рамки на дејноста Прва помош за време на МТБ турата. Патеката по која се возеше е во подножјето на планината Плачковица со вкупна должина околу 35км и 700м позитивна висинска разлика. Турата е планинска и најголем дел од неа се вози по земјен пат.

Нашите волонтери беа на висина на задачата, истакнувајќи го својот тимски дух и перманентните заложби за поддршка на заедницата.

Тимот за прва помош на Црвен крст Штип имаше неколку интервенции.

Честитки за успешната организација!

Tags: ,
< врати се назад