декември 25, 2024
Новогодишни пакетчиња од Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД се најдоа под Елката на хуманоста
Елка на хуманоста и оваа година покриена со внимание, љубов и солидарност ❤️
На иницијатива на студентите, деканот и претставниците од деканската управа на Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД, денес под Елката на хуманоста свое место најдоа 78 новогодишни пакетчиња. Со отворање донаторски пункт, ФТБЛ отвори можност што повеќе дечиња од скромни семејства да добијат новогодишно пакетче.
Ви благодариме за соработката и поддршка на хуманитарните активности на Црвен крст.
ЗАЕДНО е полесно!
< врати се назад