декември 23, 2024

Новогодишна работилница со учениците на ДСУ „Искра“ Штип

Во пресрет на Новогодишните празници, волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип заедно со учениците од ДСУ „Искра“ – Штип, денес реализираа креативна работилница за изработка на новогодишни честитки во просториите на Црвен крст Штип. Целта на оваа посета беше меѓусебно дружење на волонтерите и учениците. Со здружени сили реализираа креативна работилница и преку игра и песна поминаа прекрасен и исполнет ден.

Tags:
< врати се назад