декември 10, 2024

Новогодишна акција – Елка на хуманоста

Драги наши хумани сограѓани, претставници на компании и институции,

Традиционално, четврта година по пред Ви ја претставуваме нашата ЕЛКА НА ХУМАНОСТА.

Ве покануваме заедно да ги разубавиме празничните денови во што повеќе скромни домови во штипскиот и во карбинскиот регион. Секој што има можност и желба, може да остави подароче или пакетче под елката во Црвен крст, секој работен ден од 08:00-16:00ч.

И годинава почнуваме од вратата на дечињата без родители, а ќе стигнеме и до потешко пристапните села и рурални средини, каде ретко кое дете некогаш имало можност да ја почувствува празничната еуфорија.

За крај, не е важно што ќе донирате, важно е да создадеме еден долг синџир на солидарност.

Ви благодариме што имате огромни срца!

Tags:
< врати се назад