
НОЕМВРИ – МЕСЕЦ НА БОРБА ПРОТИВ ЗАВИСНОСТИ
Информирај се и донеси одлука!
Ноември, согласно Календарот на традиционални активности на Црвен крст на Република Северна Македонија, е посветен на борбата против болестите на зависност – дрога, алкохол и цигари.
Во рамките на активностите за одбележување на овој месец, во соработка со Министерството за внатрешни работи, на ден 19.11.2026год., реализиравме врсничка едукација во СОУ „Јане Сандански“ – Штип, на која учествуваа вкупно 65 ученици од прва и втора година.
Едукацијата беше спроведена од страна на нашиот врснички едукатор Мила Петрова, член на Клубот на млади при ООЦК Штип.
Покрај информирањето за ризиците и последиците од употребата на психоактивни супстанции, претставниците на СВР – Штип ги запознаа учениците и со законските регулативи, правните последици и предвидените санкции поврзани со употребата и поседувањето на недозволени супстанции, како и со одговорноста и последиците од прекршување на законските прописи.
Преку едукативни содржини, разговор и размена на мислења, учениците имаа можност да стекнат дополнителни знаења и да ја разберат важноста од информирано донесување здрави и одговорни одлуки.
Информираноста е првиот чекор кон превенција. Избери здрав живот, кажи НЕ на зависностите!




< врати се назад











































