
НОЕМВРИ – МЕСЕЦ НА БОРБА ПРОТИВ ЗАВИСНОСТИ
🚭 Информирај се и донеси одлука! – Активност 2
Ноември, согласно Календарот на традиционални активности на Црвениот крст на Република Северна Македонија, е посветен на борбата против болестите на зависност – дрога, алкохол и цигари.
Во рамките на активностите за одбележување на овој месец, реализиравме врсничка едукација во ООУ „Страшо Пинџур“ – Карбинци, на која учествуваа ученици од осмо и деветто одделение.
Едукацијата беше спроведена од страна на нашиот врснички едукатор Мила Петрова, член на Клубот на млади при ООЦК Штип.
Преку едукативни содржини и интерактивен разговор, учениците се запознаа со видовите зависности, причините за нивното појавување, ризиците и последиците од употребата на психоактивни супстанции, како и со начините за превенција.
Посебен акцент беше ставен на законските регулативи, правните последици и предвидените санкции поврзани со употребата и поседувањето недозволени супстанции, кои ги презентираа претставниците на СВР – Штип.
Преку ваквите едукативни активности, младите добиваат можност навремено да се информираат, да ги препознаат ризиците и да ја разберат важноста на одговорното донесување одлуки.
💬 Информираноста е првиот чекор кон превенција. Избери здрав живот, кажи НЕ на зависностите!


< врати се назад











































