октомври 5, 2026

Недела на туберкулозата 14–21 септември

Во рамки на одбележувањето на Неделата на туберкулозата, во периодот од 14 до 21 септември, во ДСУ РЦСОО ,, КОЛЕ НЕХТЕНИН ” – Штип беше реализирана едукативна активност посветена на туберкулозата.

Во текот на активноста беше одржано едукативно предавање на кое беа опфатени основните информации за туберкулозата, начинот на пренесување, симптомите, превенцијата и значењето на навременото откривање и лекување.

Активноста опфати 31 ученик, а дополнително беа поделени информативни флаери со корисни информации за туберкулозата и начините на превенција.

Преку ваквите активности се придонесува кон поголема информираност кај младите и подигнување на свеста за значењето на превенцијата и грижата за здравјето.

Tags: , , , , ,
< врати се назад