
НЕДЕЛА НА СОЛИДАРНОСТ
Компанијата Адиент Сеатинг Штип и целиот колектив, секогаш со волја и иницијатива за хумано дело. Во рамки на Неделата на солидарност, а во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, тие донираа 70 табли јајца и боички за вапцање со секоја табла, кои беа дистрибуирани до социјално – ранливи семејства во Штипскиот и Карбинскиот регион.
Оваа година, Недела на солидарност беше поддржана и од Фурната на „чио“ AНДРЕА кои донираа топли оброци кои беа доставени до лица и семејства во Штип и околината кои живеат на работ на неухранетост.
Црвен крст останува на браникот на хуманоста, а со поддршка од страна на корпоративниот сектор, внесува радост во многу скромни домови.
Имајте убави празнични денови, драги сограѓани.

< врати се назад