октомври 13, 2026

НЕДЕЛА НА МЛАДИ 01-07.10.2026

Недела на млади 2026 – „И јас (можам да) сум волонтер“

Во рамки на одбележувањето на Неделата на млади 2026, под мотото „И јас (можам да) сум волонтер“, Општинската организација на Црвен крст Штип организираше Младински форум, наменет за запознавање на младите со работата, активностите и можностите за волонтирање во Црвениот крст.

Младинскиот форум беше можност младите да разговараат и разменат мислења преку панел-дискусии на различни теми поврзани со волонтерството, младите и Црвениот крст.

По дискусиите, присутните имаа можност да ги посетат и трите тематски катчиња:

🩹 Катче за прва помош

❤️ Катче за крводарителство

🌍 Катче за дисеминација

На секое катче младите се запознаа со важни информации и научија нешто ново преку интерактивен пристап.

За секој учесник беше подготвен „пасош“, во кој требаше да собере по еден стикер од секое катче. 🎫✨ Откако ги посетија сите три катчиња и ги собраа сите стикери, младите добија симболичен подарок од Црвениот крст како знак на благодарност за нивното учество.

Преку оваа активност, младите не само што се запознаа поблиску со Црвениот крст, туку имаа можност и да научат, да се вклучат и да го направат првиот чекор кон волонтерството. ❤️

Tags: , , , ,
< врати се назад