ноември 26, 2026

❤️ НЕДЕЛА НА ГРИЖА ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА | 15–21.11.2026 „СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА“

Грижата за старите лица подразбира внимание, разбирање и поддршка во секојдневните предизвици со кои се соочуваат. Токму во духот на овогодинешното мото „Сите сме нивни деца“, волонтерите на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип, преку мобилните тимови, реализираа две активности за помош на лица на кои им е потребна поддршка во извршувањето на секојдневните обврски.

🤝 Во рамки на првата активност, волонтерите помогнаа во подигнувањето на инсулинска терапија за лице со оштетен вид. Преку втората активност, беше обезбедена помош при плаќање режиски сметки и набавка на потребни прехранбени производи за лице со Паркинсонова болест.

Со овие активности, мобилните тимови уште еднаш ја истакнуваат важноста на непосредната поддршка и значењето на присуството на заедницата во животот на лицата на кои им е потребна помош.

❤️ Грижата за старите лица не е само наша обврска, туку вредност што треба да ја негуваме секој ден. ❤️

Tags: , , , , ,
< врати се назад