февруари 27, 2025

Недела на борба против срцевосадови заболувања 2025

Од 21 до 28 февруари ја одбележуваме Неделата на борба против срцевосадови заболувања под мотото „Здрав живот, здраво срце“. Волонтерите на Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип, на 26 февруари излегоа на терен и на 51 сограѓанин им измерија крвен притисок, доделувајќи им и едукативни флаери. Целта беше да се подигне свеста за важноста на здравјето на срцето и крвните садови, како и да се промовираат едноставни превентивни навики за здрав и долг живот.

Дополнително, на 27 февруари во Здружението на пензионери – Штип се одржа едукативно предавање на кое 37 пензионери се запознаа со ризиците од срцевосадови заболувања. Д-р Мики Бурев ги информираше за превенцијата, а по предавањето пензионерите имаа можност и да го измерат својот крвен притисок. Болестите на срцето и крвните садови се водечка причина за смрт во РСМ, одговорни за повеќе од 57% од смртните случаи, според податоците на Институтот за јавно здравје.

Tags: , ,
< врати се назад