
Недела на борба против дијабетес 10-16 октомври
Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип и оваа година се вклучува во одбележувањето на Неделата на борба против дијабетес, која се одбележува од 10 до 16 октомври, со цел подигнување на свеста за превенцијата, раното откривање и правилното менаџирање на ова хронично заболување.
Во соработка со ПЗУ „Прим. д-р Самарџиски“ и д-р Мануела Манева Ристова, на 22.10.2026 беше реализирана едукативна работилница во Здружението на пензионери во Штип, наменета за унапредување на здравјето и информирање на повозрасната популација за ризиците од дијабетес и можностите за негова превенција.
За време на работилницата, присутните имаа можност да добијат корисни совети за правилна и здрава исхрана, како еден од важните фактори во превенцијата и контролата на дијабетесот. Д-р Мануела Манева Ристова изврши мерење на гликемија и даде препораки за следење и менаџирање на гликемискиот статус, додека волонтерите на Црвениот крст извршија мерење на крвниот притисок кај присутните. Дополнително, на присутните пензионери им беа поделени едукативни флаери со наслов „Совети за превенција“, кои содржат корисни препораки за здрава исхрана и здрави животни навики, со цел превенција од дијабетес и подобрување на грижата за сопственото здравје.
Со ваквите активности, Црвениот крст продолжува да придонесува кон здравствената едукација, навременото препознавање на ризиците и поттикнувањето здрави животни навики кај населението.
Превенцијата започнува со информираноста, а грижата за здравјето е одговорност на сите нас! ![]()




< врати се назад











































