ноември 26, 2026

🚭 НЕ ПИЈ И ВОЗИ! Една погрешна одлука може да промени сè.

Активност 3

Ноември, согласно Календарот на традиционални активности на Црвениот крст на Република Северна Македонија, е посветен на борбата против болестите на зависност – дрога, алкохол и цигари.

Во соработка со Министерството за внатрешни работи – СВР Штип, на ден 25.11.2026год., реализиравме превентивна кампања наменета за подигнување на свеста за опасностите од управување со моторно возило под дејство на алкохол.

Во рамките на активноста, полициските службеници од СВР – Штип ги информираа возачите за превентивната кампања, додека нашите волонтери им поделија едукативни флаери со информации за ризиците, последиците и законските санкции за управување со моторно возило под дејство на алкохол.

Преку директен контакт со возачите, испративме јасна порака за важноста на одговорното однесување во сообраќајот и свесноста дека алкохолот и возењето се опасна комбинација која може да има сериозни последици по животот и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

💬 Не ризикувај го својот и туѓиот живот. Ако пиеш – не вози! Избери одговорност, избери безбедност!

Tags: , , , , ,
< врати се назад