ноември 14, 2025

МОТИВАЦИСКО ПРЕДАВАЊЕ ЗА КРВОДАРИТЕЛСТВО СОУ „КОЛЕ НЕХТЕНИН“

На 12.11.2025 година, непосредно пред крводарителска акција во СОУ ,,Коле Нехтенин’’ – Штип, се одржа мотивациско предавање за крводарителството, под менторство на прим. д-р Мери Шорова. Низ презентација, учениците од III и IV година имаа можност да слушнат за научните факти поврзани со оваа хумана дејност, како и за придобивките од крводарувањето. Имајки го предвид фактот дека на овие крводарителски акции учениците ја даруваат драгоцената течност по прв пат, основна цел на предавањето беше преку интерактивна дискусија да се запознаат учениците со постапките за дарување крв како и за бенефитите од дарувањето на течноста која спасува животи.

Мотиваторите за крводарителство на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип на учениците им поделија материјали за промоција и унапредување на крводарителството.

< врати се назад