ноември 25, 2026

Крводарителска акција СОУ „Јане Сандански“

Хуманиот караван на средношколски крводарителски акции продолжува! Денес, во СОУ ,,Јане Сандански” уште еднаш, учениците и вработените покажаа дека хуманоста, солидарноста и желбата да се помогне се вредности што ги обединуваат сите генерации.

Со успешно реализираната крводарителска акција беа собрани 40 крвни единици, кои можат да значат живот за оние на кои им се најпотребни.

Голема благодарност до сите крводарители за нивната хуманост, како и до сите кои придонесоа за успешната реализација на акцијата. ❤️

Дарувај крв. Подари живот! 🩸

Tags: , , , ,
< врати се назад