ноември 25, 2026

Крводарителска акција ДСУ РЦСОО „Коле Нехтенин“

🩸 Хуманоста започнува со едно дарување!

На 05.11.2026 година, во ДСУ РЦСОО „Коле Нехтенин“ – Штип, успешно реализиравме средношколска крводарителска акција, на која учениците и вработените уште еднаш покажаа дека солидарноста и хуманоста се вредности што треба да се негуваат и пренесуваат.

Благодарение на нивната несебичност и хуманост, беа собрани 18 крвни единици, кои можат да спасат животи и да дадат надеж на оние на кои им е најпотребна.

Голема благодарност до сите крводарители за нивниот хуман гест, како и до сите кои придонесоа за успешната реализација на акцијата. ❤️

Дарувај крв. Подари живот!

< врати се назад