февруари 28, 2025

Креативна работилница за изработка на мартинки

Во насока на поддршка, социјализација и дружење волонтерите од Клуб на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип, на 27 февруари организираа креативна работилница за изработка на мартинки – симбол на месец март, со корисниците од Дневен центар на лица со интелектуална попреченост „Порака“ – Штип.

Во класичниот изглед мартинката претставува засукан бел и црвен конец, најчестo волнен. Боите имаат строго определена смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа. Мартинките се носат до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк.

Tags: , ,
< врати се назад