
април 13, 2025
Хуман караван на средношколски крводарителски акции
Хуманиот караван на средношколски крводарителски акции, го започнавме на 9 април во СОУ Гимназија „Славчо Стојменски” Штип, каде имавме масовен одговор на хуманиот повик за дарување крв, кој резултираше со 50 крводарувања од страна на учениците. На 10 април караванот гo продолживме во СОУ ,,Коле Нехтенин” Штип на, каде беа евидентирани 42 крводарувања од страна на учениците и вработените.
Им благодариме за хуманоста и за успешната крводарителска акција организирана од страна на Црвен крст во соработка со Службата за трансфузиона медицина.

< врати се назад