
јуни 15, 2026
Граѓанска крводарителска акција
На 12.06.2026 година во просториите на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип беше реализирана крводарителска акција, во која граѓаните уште еднаш ја покажаа својата хуманост и солидарност. Со дарувањето крв, 33 крводарители дадоа придонес во спасувањето на човечки животи. Благодарност до сите учесници кои со својот хуман чин потврдија дека дарувањето крв е дарување надеж и живот.













































