
ЕДУКАТИВНИ ПРЕДВАЊА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД БОЛЕСТИ НА ЗАВИСНОСТИ КАЈ МЛАДИТЕ ВО СОРАБОТКА СО МВР
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Штип продолжува со своите едукативни активности во насока на превенција од болести на зависности кај младите. Во рамки на проектот „Превенција од зависности“, поддржан од Министерството за образование и наука, во соработка со Министерството за Внатрешни работи, беа реализирани повеќе едукативни предавања на ученици од прва и втора година во ДСУ РЦСОО „Коле Нехтенин“, при што беа опфатени вкупно 120 ученици. Преку интерактивна и едукативна презентација на тема „Зависности – препознај и превенирај“, учениците имаа можност да се запознаат со причините за појава на зависностите, нивните последици врз здравјето и општеството, како и со начините за нивна превенција. Се дискутираше за зависности од цигари, алкохол, дроги, коцкање, како и за современи облици на зависности со кои младите денес се соочуваат. Активноста беше насочена кон поттикнување на критичко размислување, одговорно однесување и донесување здрави животни избори. Учениците активно учествуваа со свои прашања и размислувања, придонесувајќи за динамична и поучна атмосфера.














































