август 31, 2026

ДОНАЦИЈА НА УЧИЛИШЕН ПРИБОР

Непосредно пред првото училишно ѕвоно, компанијата Adient Seating Stip/Адиент Сеатинг Штип донираше 10 училишни пакетчиња за учениците од социјално – ранливи семејства.

За донациите да стигнат онаму каде што се најпотребни, околу изборот на корисници секоја година ни помагаат службите (социјален работник и/или педагог) во самите училишта. Родителите на посочените ученици ќе ја подигнат помошта директно од училиштето, со цел достоинството на децата да биде максимално заштитено, со оглед на нивната чувствителна возраст.

< врати се назад