февруари 6, 2025

Дисеминациска сесија со учениците на ООУ „Ванчо Прке“

Денес во ООУ „Ванчо Прке” – Штип, се одржа работилница – дисеминациска сесија спроведена од страна на Лидерот на Клуб на млади – Ивона Костадинова.

Дисеминациската сесија подразбира обука за историјатот на организацијата, Женевските конвенции, улогата на основоположникот Анри Динан, правилна употреба на амблемот и почитување на истиот. На крајот од работилницата, учениците имаа можност преку забавен квиз да ги повторат стекнатите знаења за Црвен крст.

18 ученици се запознаа со активностите кои се реализираат во Црвениот крст и со поимот волонтеризам.

Tags: ,
< врати се назад