август 31, 2026

АКЦИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТЕН БРАН

На 19.08.2026 и 21.08.2026 година, волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Штип спроведоа акција за превенција и заштита од топлотен бран. На граѓаните им беше поделена флаширана вода и информативни флаери со совети и препораки за заштита од високите температури. Со оваа активност, волонтерите придонесоа кон одржување на хидратацијата и подигнување на свеста кај граѓаните за важноста од соодветна заштита во услови на високи температури.

< врати се назад