
јули 25, 2025
Активности за справување со топлотен бран
Мобилните екипи на Црвен крст на РСМ – Општинска организацја Штип, согласно акциониот план и препораките на надлежните институции за справување со топлотни бранови, во период од 20-25 јули дејствуваа на терен.
Екипите патролираа низ централното градско подрачје, на градскиот пазар, дистрибуираа вода, се мереше притисок на граѓаните и беа поделени флаери во кои се содржани информации за заштита од топлотен бран.
За овој период поделени се 162 шишиња флаширана вода, 164 флаери, на 65 граѓани им беше измерен крвен притисок. Со овие активности опфатени се вкупно 252 лица.

