декември 6, 2024

5-ти декември – Светски ден на волонтерството

5-ти Декември посветен на Неговото височество – ВОЛОНТЕРОТ!

Светскиот ден на волонтерството одбележан и во Штип, во Општинската организација на Црвен крст. Волонтерите од Клубот на млади, заеднички ги прославија највисоките човечки вредности, низ симболиката на овој значаен ден. Традиционално, и годинава младите волонтери ја накитија елката на хуманоста, која радува стотици дечиња од скромни семејства од штипскиот и карбинскиот регион.

Ви благодариме ВОЛОНТЕРИ! Затоа што сте тука секогаш кога некому му е потребна подадена рака. Затоа што сочувствувате со ранливите. Затоa што го правите ова место подобра животна средина.

Да ги цениме и почитуваме волонтерите, кои се моторот на нашата хумана организација.

Ви го честитаме 5 Декември – Светскиот ден на волонтерството. Ви посакуваме многу здравје и волја, за да продолжиме да поместуваме граници.

Tags:
< врати се назад