октомври 21, 2026

18 Октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе

По повод 18 Октомври – Европскиот ден на борба против трговија со луѓе, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип, на 19.10.2026 година, реализираше едукативно предавање за превенција од трговија со луѓе на 43 ученици од IX одделение во ООУ „Димитар Влахов“ – Штип, во соработка со претставници од Министерството за внатрешни работи.

Преку оваа информативно едукативна работилница, учениците имаа можност да се запознаат со ризиците и опасностите поврзани со трговијата со луѓе, начините на препознавање на потенцијално ризични ситуации, како и важноста на личната безбедност, внимателноста и навременото информирање и пријавување.

🎯 Целта на активноста беше да се подигне свеста кај младите за оваа сериозна општествена појава, да се поттикне нивната информираност и да се зајакнат нивните знаења за препознавање и спречување на трговијата со луѓе.

🤝 Преку ваквите едукативни активности, Црвениот крст продолжува активно да придонесува кон информирање, едукација и заштита на младите, промовирајќи ја важноста на превенцијата и заедничкото дејствување.

Tags: , , , ,
< врати се назад