ЗАКОН ЗА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 3

Црвениот крст е единствена организација на Црвениот крст на територијата на Република Македонија, која ја сочинуваат организациите на Црвениот крст на општините и градот Скопје. Организацијата, делокругот и начинот на работа на органите и службите преку кои Црвевиот крст ги врши задачите, бројот, начинот на изборот на членовите на органите и службите се уредува со Статутот на Црвениот крст.

Член 4

Црвениот крст своите цели и задачи ги остварува, врз основа на хуманост, непристрасност, неутралност, независност, доброволност, единственост и универзалност, како фундаментални принципи на меѓународнато движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Член 5

Црвениот крст соработува со Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина и со други меѓународни хуманитарни, здравствени и социјални организации.
 
Законот за Црвениот крст на РМ во целост можете да го прегледате преку следниот линк Закон за Црвениот крст на РМ
< врати се назад