
февруари 25, 2025
Учениците учат прва помош
Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип на 24 февруари спроведе обука по прва помош во ООУ „Ванчо Прке“ – Штип. На обуката 18 ученици имаа можност да се стекнат со основни знаења за укажување на прва помош како брза и витална интервенција чија цел е да се спаси човечки живот, но и да ги намалат компликациите од настанати повреди.
Црвен крст продолжува да гради цврсти механизми за кревање на свеста и промовирање на општествената одговорност.
Научи и ти прва помош затоа што првата помош спасува живот!

< врати се назад