декември 25, 2024
Успешно реализирана уште една крводарителска акција
Штипските спортисти, рекреативци, љубители на спортот и спортски работници, на 22.11.2024 година даруваа крв, во чест на највисоките спортски и хумани вредности. Тие го подарија бесценетиот подарок кој има моќ да спаси животи. Им благодариме за несебичниот придонес, кој резултираше со собрани 41 крвна единица. Иницијатори на оваа крводарителска акција се Здружението на велосипедисти МТБ Штип.
Црвен крст и Регионален Центар За Трансфузиона Медицина – Штип продолжуваат со заедничката мисија за похумана заедница.
< врати се назад